„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Петровска: Ако казнуваме за неспроведување на мерките, како тоа ние први да ги прекршуваме?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Maz-i-kuce

Tехничката заменик-министерка во Минситерството за внатрешни работи, Славјанка Петровска вели дека не се согласува со начинот на кои постапиле полицајците кои со три возила, во униформа и цивилна облека, апсеа момче кое шетало миленик дваесетина минути пред дозволениот термин. Таа бара и санкција за полицајците бидејќи немале заштитна опрема за спречување на ширењето на коронавирусот.

— реклама —

„Во врска со објавеното видео на кое е прикажано приведување на момче со домашно милениче заради прекршување на полицискиот час, го искажувам своето несогласување со начинот на кој постапиле полициските службеници. Воедно очекувам и соодветна санкција за нивното непочитување на мерките и неносење на заштитни маски и ракавици. Ако казнуваме за неспроведување на мерките, како тоа ние први да ги прекршуваме?“, вели Петровска.

Од МВР пак велат дека Одделот за внатрешна контрола ќе испитува дали полициските службеници кои со две возила и едно полициско комбе приведоа момче кое шета миленик, постапиле согласно законските норми. Претходно, полицајци во цивилна облека, неколку во униформа, два полициски автомобили и едно полициско комбе интервенирале за приведување на момче кое шетало миленик во Скопје. Неофицијано, станува збор за случка во скопска Кисела Вода. Од снимката објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ може да се види дека станува збор за момче, кое со својот миленик, со комбе на полицијата е однесено во станица.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања