„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Петровска: АНБ веднаш може да ја декласифицира документацијата, законот е јасен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
slavjanka

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска порача дека е неопходна итна декласификација на целата документација поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кој, како што рече, власта се обидува да го претстави како скандал.

— реклама —

„Декласификацијата е чекор кон вистината, а не кон манипулацијата. Таа ќе ги даде одговорите на прашањата кои изминативе денови се отворија, а власта одбегнува да ги даде криејќи се зад класифицирани документи,“ истакна Петровска.

Таа потсети дека за декласификација не е потребна судска постапка, спротивно на тврдењата од АНБ. „Законот за класифицирани информации јасно вели – оној што класифицира, тој и декласифицира. Според член 14, промена на степенот на класификацијата врши создавачот. Дополнително, член 20 предвидува дека информација со класификација не се смета за класифицирана ако со неа се прикрива кривично дело, злоупотреба на функцијата или друг незаконски акт. Ако власта тврди дека имало незаконско работење, тогаш овој член овозможува веднаш, без одлагање, да се направи декласификација,“ објасни Петровска.

— реклама —

Како втор чекор таа го посочи итното свикување на Комисијата за надзор над работата на АНБ. „Пратениците кои сме дел од Комисијата мораме да извршиме увид во документацијата што ќе биде декласифицирана и потоа да ја информираме јавноста. Со тоа ќе се надмине и пречката околу безбедносниот сертификат на претседателот на Комисијата. Со ваков пристап брзо ќе се расчисти маглата која ДПМНЕ ја пушта за да ги покрие досегашните скандали и да создаде алиби за идејата за спојување на АНБ и АР,“ рече таа.

Во однос на случајот, и ВМРО-ДПМНЕ вчера побара итно да се закаже седница на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и АР, по информациите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година.

Пратеникот Љупчо Пренџов, член на Комисијата, побара од претседателот Скендер Реџепи да закаже седница на која ќе се утврди термин за официјална посета на АНБ и детално разгледување на состојбата. Но, Реџепи одби да свика седница со образложение дека е дискриминиран и дека не може да учествува, бидејќи сè уште нема добиено безбедносен сертификат, за кој поднел барање кон крајот на минатата година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања