Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Петровска до Славески: Зошто граѓаните да ги плаќаат последиците од пропустите на институциите?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Македонија
media-libraryrjbpirio35l94kC6B9Y

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, побара одговорност од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради ограничувањето на повлекувањето средства од Алта банка, при што граѓаните можат да подигнуваат најмногу по 10.000 денари неделно.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Петровска праша како граѓаните со такво ограничување ќе ги покриваат трошоците за лекување, кирија, сметки и храна, нагласувајќи дека станува збор за луѓе кои работеле и штеделе, верувајќи во банка со дозвола за работа.

— реклама —
— реклама —

Таа побара Славески да објасни какви проверки биле направени пред одобрувањето на преземањето на банката, што покажувал надзорот и како дошло до ограничување на повлекувањето пари.

Петровска побара итно да биде соопштено докога ќе трае ограничувањето и на кој начин граѓаните ќе можат да ги подмират неодложните трошоци. Доколку имало пропусти, таа побара Славески да поднесе оставка, а најави дека одговори за случајот ќе бара и во Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања