Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Петровска: Министерот за внатрешни работи не може со телеграма да го суспендира правниот акт донесен од Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kulev-petrovska

Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска упати Телеграма  до сите организациони единици во министерството за внатрешни работи,  а во  врска со Телеграма бр.08-3/1 од 12.02.2020 година, доставена од министерот за внатрешни работи до раководителите на  сите организациски единици во Министерството за внатрешни работи, во која УКАЖУВА дека Одлуката за поништување на решенија за распоредување на работно место на Владата на Република Северна Македонија Бр.44-1358/1 од 09.02.2020 година, е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија  и истата е  во СИЛА поради што  должност на вработените во Министерството  е безусловно да ја почитуваат  и спроведуваат.

— реклама —

 Во телеграмата  дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи  Петровска  до вработените во министерството се вели дека согласно член 41 од Законот за организација и работа на органите на државната управа надзорот над  работата на министерствата го врши Владата и затоа важечки правен  акт донесен во законска процедура  од страна на Владата не смее и не може  да не се почитува и истиот да  биде  суспендиран  со телеграма на  министерот.

— реклама —

,,Оттука укажувам на неопходноста од целосно почитување на донесената Одлука на Владата која е во сила,, се вели во телеграмата на дополнителниот заменик на министерот Петровска.

Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи  во телеграмата укажува дека министерот за внатрешни работи како незадоволна страна  може да поведе  постапка согласно утврдени процедури пред  институциите на системот, но и дека Наредбата бр. 08-3/1 од 12.02.2020 година на министерот е спротивна на законот и владеење на правото  и претставува поттикнување во вршење кривично дело.

,,Ги охрабрувам вработените во Министерството да го задржат  својот професионален и личен интегритет и да се спротивстават  на секој  обид кој води до беззаконие и нарушување на системот на владеење на правото,, се вели во телеграмата на дополнителниот заменик  на министерот за внатрешни  работи  Славјанка Петровска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања