Петровска на Канал 5: Денешното гласање за доверба на Владата покажа дека мнозинството е стабилно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slavjanka

Со денешното гласање за доверба на Владата покажавме дека сите тврдења за некакво ново парламентарно мнозинство од страна на ВМРО-ДПМНЕ не било ништо друго освен една голема лага, посочи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

— реклама —

„Денеска покажавме дека сите тврдења кои со месеци ги слушаме дека сме немале мнозинство во Собранието, дека Владата ќе била соборена, дека ВМРО-ДПМНЕ успеало да собере 62 пратеника, дека ќе имале и 65 пратеници, се само една голема манипулација, голема лага на опозициската партија. Со денешното гласање докажавме дека парламентарното мнозинство е стабилно и сега сите треба да продолжиме да работиме за граѓните, Владата да продолжи со реализација на програмата за која впрочем и ја добивме довербата од граѓаните на изборите“ истакна Петровска.

— реклама —

Петровска порача дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале можност во неколку месеци наназад да поднесат барање за гласање на доверба на Владата преку иницијатива од најмалку 20 пратеници за да има три дена дебата, но не го сториле тоа затоа што знаеле дека не можат да изгласаат недоверба на Владата и се се сведувало на обичен блеф за внатрепартиска употреба на Христијан Мицкоски.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања