Промени тема
Контакт

Петровска: Не ме допираат нападите лично врз мене заради тоа што се лаги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slavjanka

Во интервју за Утрински Брифинг, министерката за одбрана Славјанка Петровска одговори на прашањето за критиките и нападите од опозицијата. Таа изрази загриженост што опозицијата нема капацитет и доблест да ги честита успесите на Армијата, достигнувањата во кои секој припадник на Армијата се вложил во изминатите години, туку само критикува и се служи со лаги.

— реклама —

„Во поглед на тоа што се случува и што се коментира во Министерството за одбрана и во Армијата, не ме допираат нападите лично врз мене заради тоа што се лаги. Заради тоа што ако внимателно и се проследат или се анализираат нападите, ќе видите дека прашањата се упатуваат до мене, но тоа не значи моја инволвираност во одредени процеси. Јас никогаш не сум бегала и нема да бегам од одговорност, впрочем седењето на одредена позиција значи и прифаќање на одговорноста. Она што мене ме загрижува во суштина и што не можам да го разберам и не гледам државотворност кај опозицијата, е што на сите овие успеси што Армијата -не јас, Армијата ги имаше за ова кратко време, јас не слушнав честитка од нивна страна – рече Петровска“.

— реклама —

Во Република Северна Македонија за неколку месеци се одржаа две големи активности кои го покажаа капацитетот на нашата Армија – рече министерката и ги посочи високите оценки кои ги доби Лесниот пешадиски баталјон и најголемата вежба „Swift response 22„ која во мај се одржа на Криволак на која учествуваа 4 600 војници од 8 НАТО армии.

„Не слушнавме коментар од опозицијата од нејзините гласноговорници за тоа, барем да честитаат на Армијата. Се случи најголемата вежба што до сега била одржана, која вклучуваше 8 армии од 8 различни држави членки на НАТО, тука на Криволак. Нашата Армија беше домаќин на 4600 војници од 8 нации. Беше оценета вежбата како исклучително успешна, нашата Армија беше оценета како Армија која поседува капацитет и е рамноправна со сите други армии кои се многу поодамна од нас во НАТО алијансата. Не слушнавме коментар за тоа од опозицијата. Не за мене – мене нека ме напаѓаат, но треба да имаат државотворност, ако тврдат дека се таква партија, да честитаат на успесите на луѓето кои животот го посветиле на таа Армија. Оваа година славиме 30 години од Армијата, ако не успеете за овие 30 години да го валоризирате тоа што сите го правеле, претходните началници на генералштабовите, претходните генерали и така натаму – сите тие имаат влог во тоа што се случува денеска“ рече Петровска.

— реклама —

Таа потенцираше дека процесот на целосна НАТО интеграција не започна пред 3 години, тоа е процес кој трае многу одамна, исто како и процесот на усовршување на нашата Армија кој не се случува преку ноќ, тоа се долгорочни процеси.

— реклама —

„Да, зависи од политичката волја, колку импулс ќе дадете и колку ќе бидете посветени, но во суштина потешкиот дел од задачата го прават припадниците на Армијата. Кога немате капацитет и доблест да им честитате на нив тогаш гледате дека вие се борите само за гола власт„ заклучи Петровска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања