Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Петровска: Освен коруптивен кредит од 500 милиони евра, ДПМНЕ не испорача ништо во првите 100 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
slavjanka-petrovska

Во првите 100 дена ВМРО-ДПМНЕ не испорача ништо од она што ветуваше, освен коруптивниот скандал на владата, со задолжувањето од 500 милиони евра, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во вестите на Алсат телевизија.

— реклама —

- И, по 100 дена, од кој не видовме ништо, жално е што повторно се враќаме во времињата кога владееше ДПМНЕ и кога партијата им беше пред и над се, а потоа сè останато. ДПМНЕ и ВЛЕН не ги поврзува државниот туку личниот интерес, рече Петровска.

Таа го коментираше и заглавувањето на европскиот пат и рече дека нема да се случи ништо, затоа што власта има други интереси.

— реклама —

- Иднината на државата кога ДМНЕ е на влсат е секогаш во втор план. Па власта во Брисел отиде да бара уставни измени со одложено дејство, а оттаму се вратија како попарени без да и кажат на јавноста дека предлогот им е одбиен, односно дека не е тоа опција. Иако ветуваа Преговарачката рамка не може да се промени и тоа е ставот на Европската унија. Се е само замајување на јавноста и давања изговори, рече Петровска.

— реклама —

Таа потенцираше дека граѓаните не сакаат да слушаат изговори туку план, особено што пред избори ДПМНЕ велеа дека имаат план како да ги променат за засилено да продолжат на патот кон ЕУ.

- За време на изборите тврдеа дека имаат план, за сега кога сте на власт, да дадете онаква дрска и кафеанска изјава, ’Не благодарам за ЕУ‘, па апсолутно никој не им го дал тоа право на ДПМНЕ, објасни Петровска.

— реклама —

Оваа власт не покажува никаков капацитет, и не видовме ништо од она што ветуваше. Поверојатно е дека до крајот на годината ќе се случи реконструкција на власта, од каков било потег кој би бил корисен за граѓаните, додаде пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

„Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library0cfj5c49eoj6eEiT0xx

Талески: ВМРО го партизира и Советот за граѓански надзор – партиски вдомувања за паушали од 90.000 денари

Македонија | пред 1 ден

media-library93nenmtullj09tH7s2N

„Мицкоски го штити Тошковски, Тошковски го штити Мицкоски – уште колку жртви за одговорност?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryfrm7d2bpuidgfvHVxlg

Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања