„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Петровска распали: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
petrovska-krupen

„Во моето писмо со кое ја повлеков кандидатурата образложив дека денешниот ден ќе биде спротивно и на статутот и на принципите на социјалдемократијата, и така бидна се случи фијаско. Новиот претседател е избран со 11% од вкупниот број на членови на СДСМ, од 83.000 членови, ЗА гласале само 9.000. И со ова само се продолжува агонијата во која СДСМ почна да тоне од 2020та година наваму“, вели Славјанка Петровска и додава:

— реклама —

Денес на многу членови на СДСМ не им беше овозможено да гласаат затоа што ги немаше на избирачкиот список, иако уредно се регистирале. Денес, 11.000 членови одбија да гласаат затоа што се спротиставија на начинот на кој беше водена кампањата, на фаворизирањето, на несанкционирањето на злоупотребата на лични податоци, на притисоците да се поддржи фаворитот, затоа што се чувствуваат навредено на избирачкиот список на СДСМ да се најдат со активисти на владејачки партии. Згора на се, Централната изборна комисија заборави дека јас ја повлеков кандидатурата, па ги броеле и тие гласови, многу професионално, зарем не. А и како прогласија претседател, а не ги почекаа приговорите? Еве доказ за диригираниот процес.

Денес 11.000 демонстираа свој став. И тоа е повеќе од 9.000. А легитимитет не се добива со 9.000 гласа.

— реклама —

Но, најважното СДСМ е многу повеќе од 12.000 или 23.000, СДСМ се сите кои не се регистрираа и со тоа демонстрираа отпор.

Ова сценарио е погубно за СДСМ, за вистинската СДСМ и затоа не е доцна нешто добро да се направи. Јас ќе се борам за доброто на СДСМ.

На Македонија и треба силен, кредибилен и чист СДСМ и затоа повикувам формирање на привремено раководство, без багаж и кое ќе има јасен мандат и капацитет да ја обедини партијата, и да ја подготви за следните и внатрепартиски и локални избори. Ова е единственото сценарио за заздравување на СДСМ.

Свесна сум дека оваа моја искреност некого ќе го повреди, но подобро некој да е повреден од мојата искреност, отколку партијата да се сведе на 50.000 гласови следната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања