Во Охрид ќе се казнува ригорозно, исто како и секаде каде се прекршуваат законите и уредбите тврди дополнителната заменик – министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, бидејќи, мора да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од коронавирусот. Од утрово се испратени дополнителни полициски екипи кон Охрид, бидејќи, забележано е дека е доста фреквентно.
„Во моментот е навистина фреквентно во Охрид, утринава се испратени полициски службеници кои ќе им помогнат на колегите. Упатувам апел до граѓаните, дека полицијата не може да ја замени совеста на секој од нас, ние ќе бидеме навистина ригорозни во спроведувањето на мерките, а ќе се трудиме законот да биде спроведен подеднакво за сите граѓани“, рече Петровска. Не се казнети лицата кои вчера патуваа и по почетокот на полицискиот час. Дополнителната заменик – министерка за внатрешни работи ,Славјанка Петровска, денес извести дека полицијата имала разбирање за патниците.
фото: Архива