Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Петровска во посета на ОВР Струга и Дебар: Намалување на кривичните дела за 50 проценти споредбено со 2018 во овие градови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
1-2

Дополнителниот заменик на министер Петровска во работна посета на ОВР Струга и Дебар , граничниот премин Ќафасан и полициската станица Франгово

— реклама —

Доследното почитување на законските надлежности и норми, како и целосна примена на професионалните стандарди во секојдневното работење се единствениот можен начин преку кој полицијата може и мора да ја гради својата позиција, доверба и кредибилитет меѓу граѓаните.

— реклама —

Ова меѓу другото, денеска го истакна  дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска при нејзината посета и работна средба со раководните луѓе во Одделението за внатрешни работи Струга, а во рамки на активностите поврзани со подготовките на полициските служби околу одржувањето на претстојните парламентарни избори.

Дополнително, како што беше констатирано на состанокот, фактот што на подрачјето на надлежност на оваа организациона единица се бележи намалување на кривичните дела за 50 проценти споредбено со 2018 година односно висок степен на расветлување на криминалот, вклучително и за тешки кривични дела, како на пример, убиството на Дилавер Бојку за што е веќе поднесена и кривична пријава, јасно говори во прилог на стабилната безбедносна состојба на ова подрачје. Тоа, пак, само по себе е дополнителен гарант и за решеноста на полициските служби, во рамките на своите надлежности, да дадат максимум во обезбедувањето на мирни и слободни услови за непречено гласање на избирачите.

Дополнителниот заменик министер Петровска исто така, покрај ОВР Струга ги посети и Полициската станица за граничен надзор  Франгово, Граничниот премин Ќафасан а ќе го посети  и Одделението за внатрешни работи Дебар каде што ќе се сретне со раководните луѓе со овие организациони единици. Притоа, фокусот на разговор на средбите со раководството е  ставен на темите околу ефикасноста на полициското работење и тековните активности во врска со подготовките за полицијата за следење на изборниот процес.

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања