Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Петрушевски: Брисел и Вајц ги потврдија фактите, СДС ширеше невистини за ИПАРД и Реформската агенда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library7n44q9tf7cgqehByvIj

Брисел потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека реализацијата продолжува, додека европратеникот Томас Вајц јасно посочи дека Македонија има напредок во делот на Реформската агенда, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Со тоа, паднаа во вода обидите на Филипче и СДС за манипулација на јавноста и земјоделците. Тие со месеци ширеа невистини дека европските средства се изгубени, дека програмата е запрена и дека земјоделците нема да добијат поддршка.

— реклама —

Вистината е дека по случајот во Платежната агенција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено реагираше, ги стопираше процесите, го извести Брисел и побара вонредна и темелна контрола. Извештајот покажа дека системот функционира, дека процесите се одвиваат согласно закон и дека нема злоупотреба на системот.

Дополнително, Томас Вајц ја демантираше тезата на Филипче, посочувајќи дека изјавата на која се повикува СДС е стара неколку месеци и дека државата има напредок во Реформската агенда.

— реклама —

Лажеа за мигранти, лажеа за Буџетот, лажеа за пензиите, за платите, за земјоделците. Нема за што не лажеа и беа демантирани. Наместо да ја манипулира јавноста за ситни политички поени, СДС треба да престане со лаги и конструкции.

— реклама —

Додека СДС лаже, манипулира и го продава евроинтегративниот процес за нивни лични и бизнис интереси, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи посветено на евроинтегративниот процес“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања