Петрушевски: Дали Љупчо Путерот трошел по 1 илјада евра дневно во Дубаи, а Рашкоски по 1350 евра дневно во Мексико, како со обична плата до патувања од илјадници евра?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
brane18032021

Дали Љупчо Путерот трошел по 1 илјада евра дневно во Дубаи, а Рашкоски по 1350 евра дневно во Мексико, како со обична плата до патувања од илјадници евра?

— реклама —

Како со службеничка плата до милионски одмор треба да одговорат Љупчо Николовски и Драги Рашковски?

— реклама —

Платите на Николовски и Рашковски се околу 60.000 денари, односно 1.000 евра.

— реклама —

Доколку се истражи, одмор во Дубаи за 3 дена чини околу 3000 евра за двајца со авионски билети. По оваа аналогија би значело дека Николовски Путерот трошел 1.000 евра на ден. Тој хипотетички за еден ден ја потрошил цела своја месечна плата, а за три дена три месечни плати. И тоа под услов Николовски да не трошел пари на други работи, истакна Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Петрушвески додаде:

Се поставува прашањето колку пари има Николовски па да може да одвои 3.000 евра за три дена шетање, или илјада евра дневно?! Ако оваа нашата претпоставка не е точна тогаш го повикуваме јавно да ги објави трошоците за ова патување.

Уште поголема дилема во јавноста фрла луксузниот одмор на Драги Рашковски во Мексико. Одмор во Мексико за 15 дена, според цените кои може да се проверат со мало истражување чини 20.000 евра, со вкалкулиран хотел и авионски превоз. Платата на Рашковски би требало да е околу 60.000 денари, односно 1.000 евра, па така за одмор од 20.000 евра, Рашковски ќе треба да работи 2 години, без да јаде нешто во тие 2 години, туку само да штеди за одмор. И тоа само за 15 дена луксузирање, за време на кои ќе троши по 1.350 евра на ден.

Колку пари треба навистина да поседува Рашковски за да си дозволи одмор од 20.000 евра?! Дали Рашковски има други приходи кои не ги пријавил во неговиот Анкетен лист и со тоа ги прекршил и законите.

Јавноста е особено заинтересирана од каде му пари за толку луксузен одмор на Рашковски, особено ако се земе предвид дека неговото име се вртеше во неколку афери со милионски криминали, како „Леонардо“ , „Сар Хемс“ и „Шик Јелак“.

Ја повикуваме ДКСК да ги испита случаите околу луксузните одмори на Николовски и Рашковски, но и надлежните органи како УФП и ЈО, од чии пари се платени одморите, и како се заработени тие пари?!

Ги повикуваме и Рашковски и Љупчо Николовски путерот да си поднесат неотповиклива оставка, пред се како чин на морална одговорност. Одмор од над 20 илјади евра не се евтини одмори.

Не може врвот на власта да плива во раскош, додека народ нема леб да јаде. Одговорност ќе има, вели Петрушевски.

 

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања