Промени тема
Контакт

Петрушевски: Филипче служејќи му на Заев го блокира европскиот пат на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Венко Филипче, служејќи му на поранешниот лидер Зоран Заев, директно го блокира патот на Македонија кон Европската Унија, обвини денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Во партиско соопштение, Петрушевски оцени дека актуелното раководство на СДСМ нема визија и стратегија за напредок на државата, туку, како што рече, продолжува со „старата матрица“ на дејствување.

— реклама —

„Филипче очигледно доби сила откако Заев повторно се појави на Бихаќка и почна да држи прес-конференции и да се однесува како портпарол“, наведува Петрушевски.

Тој додава дека СДСМ се противи на реформите и не презема ништо што би придонело за европската перспектива на земјата, обвинувајќи дека партијата делува во интерес на поединци, а не на државата.

— реклама —

„Служејќи му на Заев, Филипче ја става партијата во служба на туѓи политички агенди и ја блокира Македонија“, се вели во реакцијата.

— реклама —

Петрушевски посочува и дека СДСМ наместо нова енергија и визија, продолжува со политики кои, според него, значат уназадување на државата и отстапување од европскиот пат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 9 часа

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 13 часа

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања