Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Петрушевски: Извештајот од Анкетната комисија во Собранието, треба да биде доставен до Владата и ЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarysi5tbro0r9gddu43HtV

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетната комисија во Собранието. Тој нагласи дека суштината не е само водење на дневна политика, туку менување на системот. Затоа, според него, кога веќе во Собранието ќе има Анкетна комисија, тој извештај покрај тоа што ќе се достави до Владата, треба да се поднесе и до Јавното обвинителство, со цел истото понатаму да преземе конкретни чекори.

— реклама —

„Ние во континуитет велевме дека да почне судењето, да се заврши обвинителниот акт и она кое што беше тогаш разговарано и ќе имаме една Анкетна комисија во Собранието, која што ќе разговара за сите овие теми кои што беа наведени, но вклучително и за други несреќи кои што останале така и кои што исто така заслужуваат утврдување на одговорност“, вели Петрушевски и додава:

„Суштината не ни е да водиме дневна политика, туку да го менуваме системот. Ни треба една ваква се опфатна анкетна комисија која што ќе ги истражи сите случаи кои што се случиле во Република Македонија“.

— реклама —

Според него, СДС не го испочитува Деловникот, со тоа ги занемари пратениците од власта.

— реклама —

„Не го испочитуваа Деловникот во делот на составот на таа Анкетна комисија и си предложија број на пратеници, кои што ќе учествуваат во таа комисија, претежно од опозицијата, занемарувајќи ги пратениците од власта, иако членот 124 од Деловник утврдува дека Анкетна комисија се формира согласно пропорционално на бројот на пратениците кои што се застапени во парламентот“, кажа Петрушевски.

Петрушевски посочи дека поднесена е одлука со легитимитет од 75 пратеници кои се потпишани на неа, меѓутоа има и неколку суштински разлика по она кое што беше претходно поднесено од страна на опозициската СДС.

— реклама —

„Првата е опфатот на несреќите, кое што веќе го коментиравме. Второто е откако ќе заврши со работа таа Анкетна комисија, извештајот  покрај до Собранието и до Владата да биде доставен и до ЈО. Тоа го немаше во оваа предлог одлука на СДСМ. Кога веќе Собранието ќе работи една таква Анкетна комисија, на еден таков случај, добро е за правдата во Република Македонија,  тој извештај да отиде до ЈО и ЈО да си ги преземе сите чекори кои што треба да ги преземе, не само за Кочани, вклучително и другите кои што се случиле, а кои што останале под превезот на неиспочитување на она кое што значи законска процедура и носење на правда во Република Македонија“, истакнува Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylmokijtkrg4p6MVhGbG

ВМРО-ДПМНЕ: „Мали Фрчко да му поднесе кривична пријава на Филипче, во чиј мандат како министер околу 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар“

Македонија | пред 15 часа

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: „На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше“

Македонија | пред 21 час

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село, нервозен е затоа што е разобличен

Македонија | пред 1 ден

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се против независноста, не можат да го надминат сопствениот срам

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања