Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Петрушевски: Не постои сила, начин и метода на власта со која ќе не спречи да ги кажуваме криминалите на ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Brane-Petrushevski-05.07.2023

„ВМРО-ДПМНЕ обелоденува сериозни криминали за внукот на Али Ахмети за криминали за кои овие од СДС не смеат да зуцнат затоа што им зависи владата и поголемиот партнер може многу лесно да замине“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

— реклама —

Тој додаде дека Ислам Абази е потчинет на братот на Али Ахмети и шоферот на Али Ахмети.

— реклама —

„Начинот на кој е избран Ислам Абази го спореше Американската амбасада. Зборуваме за човек кој братот на Ахмети му се има качено над глава на слика“, рече Петрушевски.

Петрушевски е дециден дека ДУИ има метастазирано во судството и обвинителството и никогаш нема да покренат постапка освен постапка против нивните не истомисленици. Се претворивме во држава каде не смееш да чепнеш функционер на ДУИ

— реклама —

„Не постои сила, начин и метода со која прво ќе не спречат да им ги кажуваме сите криминали за кои многу наскоро ќе одговараат сите и ќе ги вратат парите украдени од грбот на граѓаните и поштените граѓани Албанци. Ќе одговараат и обвинителите кои фингираат обвиненија против опозицијата“, кажа Петрушевски.

— реклама —

Тој заклучи дека не постои сила, метода и начин со кој власта ќе го натера ВМРОД-ДПМНЕ да гласа за уставни измени. Предлозите беа да дадени и не беа прифатени на ВМРО-ДПМНЕ и тука завршува приказната за уставни измени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања