Промени тема
Контакт

Петрушевски: Очекувам убедливата победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ уште посилно да се рефлектира во вториот круг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library0uas2u1cojd3epRaudE

Пратеникот Бране Петрушевски вечерва гостуваше во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, кој најнапред зборуваше за очекувањата од вториот круг од градоначалничката трка за локалните избори 2025 година, пришто посочи дека очекува голема, убедлива победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ, односно како што кажа тој можеби најуверлива победа на локални избори на една политичка партија.

„Очекуваме она коешто се случи во првиот круг, а тоа е една убедлива, голема победа на кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ, уште посилно да се рефлектира во вториот круг. Генерално онаму кадешто сме во вториот круг сме победници на прво место, со огромна разлика во гласови којашто во најголемиот дел од општини е реално ненадоместлива со било какви калкулации. Меѓутоа ние сме активни на терен, активни помеѓу граѓаните ја пренесуваме нашата визија, нашата идеја за општините, оној прием којшто го добиваме од страна на граѓаните е уште поголем, со поголема енергија, така што очекувам да ја финишираме оваа изборна трка со уште една уверлива можеби и најуверлива победа на локални избори на една политичка партија“, вели Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски ги искажа и своите очекувања од вториот круг за градоначалничката трка за градот Скопје и истакна дека очекува уверлива победа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје, бидејќи разликата во гласови е огромна и истата е во полза на Ѓорѓиевски.

— реклама —

„Таа разлика, таа уверлива победа, па и таа енергија или бран од првиот круг ќе се пренесе сега и во вториот круг и јас очекувам солиден раст на гласовите на Орце Ѓорѓиевски во вториот круг, прашањето е само колкава ќе биде изразена таа победа и колкави ќе бидат потоа очекувањата на граѓаните, и тука мораме да испорачаме како што сме испорачувале во минатото во оние други општини кадешто имавме свои градоначалници коишто повторно го добија својот мандат. Се надевам дека Орце ќе има една низа на мандати, а тоа ќе значи една низа на реализирани проекти за скопјани што ќе им го подобри животот“, рече Петрушевски.

— реклама —

Петрушевски посочи зошто Ѓорѓиевски е вистинскиот избор за скопјани и ја искажа својата увереност дека со доаѓањето на Ѓорѓиевски на градоначалничката позиција на градот Скопје, скопјани ќе ја почувствуваат разликата од неговото управување со градот, уште во првиот месец, споредбено со она што беше до сега.

— реклама —

„Орце е работник, Орце е докажан како човек кој знае да реализира проекти, да работи, да решава проблеми, народен човек, човек којшто е нон стоп меѓу народот и сум цврсто убеден дека уште во првите неколку недели или месец дена од неговиот мандат ќе се почуствува огромна разлика помеѓу она што значи политичар којшто е од народот, којшто е работник и којшто знае да работи vis a vis она што сме го гледале претходно“, посочи Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

lepa-brena

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се разочарани заради откажаниот концерт во Крива Паланка на Лепа Брена, која им пеела и на војската на Младиќ

Македонија | пред 23 часа

vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата расте, јавниот долг во однос на БДП се намалува, а инфлацијата е ставена под контрола

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против секоја инвестиција што носи развој, не можат да се помират со фактот дека Македонија се движи напред

Македонија | пред 1 ден

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ со прашање до Филипче: Дали преку СДС во Македонија продира „српскиот свет“?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања