Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library042r60phhn637dlvwIW

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе нови обвинувања поврзани со случајот во кој е споменат Стефан Богоев, тврдејќи дека станува збор за афера која, според него, води кон многу поголем криминал од досега објавениот.

На прес-конференција, Петрушевски изјави дека случајот не треба да се гледа само низ призмата на наводниот поткуп од 2.000 евра, туку дека треба да се испита целиот процес поврзан со тендер вреден 18 милиони денари.

— реклама —

Тој тврдеше дека Богоев и лице познато како Џемо од Прилеп, користејќи ги своите позиции и влијание, наводно учествувале во местење на тендер во државна институција.

Петрушевски повика до Јавното обвинителство да ги провери информациите кои, како што рече, ги добиле од свиркачи, а според кои наводно било договорено Богоев да добие 10 проценти од вредноста на тендерот, односно околу 1,8 милиони денари.

— реклама —

„Го повикуваме Јавното обвинителство да истражи дали се точни информациите дека требало да биде исплатен процент од тендерот вреден 18 милиони денари“, изјави Петрушевски.

Тој додаде дека, според ВМРО-ДПМНЕ, случајот не треба да се третира како изолиран инцидент, туку како дел од поширока партиска шема поврзана со СДСМ, имајќи предвид дека, како што посочи, Богоев бил поставен на функција од оваа партија.

Од СДСМ и од споменатите лица засега нема реакција на обвинувањата изнесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryec3ph4d3rgjqfYKpDh2

Петрушевски: Навидум мала, но за мене голема победа против Зоран Заев

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarygjafqmbccimrceH1xBO

(Видео) Петрушевски: Немам намера да му се извинам на Заев, напротив тој треба да и се извини на јавноста

Македонија | пред 3 месеци

media-library0pf801r4fk9fdofjZSX

Петрушевски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев – болницата по багателна цена во замена за помош во судскиот процес

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycgs9d806uhmbcIiCe10

Петрушевски: Заев и Филипче сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, за возврат нуделе „помош“ во судска постапка

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања