Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
brane

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи реагираше по денешната судска одлука, оценувајќи дека со неа, како што наведува, „паднал монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ“.

Петрушевски тврди дека предметот бил отворен од тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) како дел од, според него, политички прогон насочен кон ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името на државата.

— реклама —

Тој посочува дека судската одлука е последица на измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година, за кои тврди дека биле предложени и изгласани од СДС.

— реклама —
— реклама —

„Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Предметот го отвори нивното криминално СЈО, а денешната пресуда е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа“, наведува Петрушевски.

Во својата објава тој додава дека јавноста, како што вели, добро памети на кој начин биле донесени измените на Кривичниот законик, наведувајќи дека тогаш постоеле сомнежи оти тие биле дел од пошироки политички договори поврзани со уставните измени.

Петрушевски упати и прашања до СДС, барајќи од партијата јавно да одговори, како што наведува, кој го нарачал политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ преку СЈО и зошто биле донесени измените на Кривичниот законик во 2023 година.

„Фактите се непријатни за СДС. Бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие“, се наведува во објавата на Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

„Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженост, ВМРО-ДПМНЕ инвестира и го подобрува студентскиот стандард“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 16 часа

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

„Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 20 часа

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„Први другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДС, кои го чекаа со црвен тепих, јавно го величаа и му се заблагодаруваа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања