Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Петрушевски: Партнерите на Дака – СДС, Филипче и Заев молчат за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryo2ssfi54vs9sauNAECV

Партнерите на Дака – СДС, Филипче и Заев молчат за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Нема одговори од СДС, Филипче и Заев за тоа каде завршиле 4 милиони евра кои Дака според аудио снимките од неговиот разговор со Кичеец, му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово.

— реклама —

Дополнително, се поставува прашањето дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?

Дали Заев бил спремен заради сопствени бизнис интереси, да му овозможи на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа на САД Дака да гради во Тетово? Дали освен финансиските побуди на Заев, ја ширел и проруската политика, како што беше случајот со Онишченко и Марковски? Зошто СДС и Филипче молчеле и биле соучесници во процесот на ширење на проруска политика во Македонија?

— реклама —

По се изгледа, единствениот одговор се парите. За пари во џеб, СДС, Заев и Филипче се спремни да шират антидржавна политика и да и штетат на Македонија во процесот на евроинтеграциите.

— реклама —

СДС, Филипче и Заев, освен пари ништо друго не ги интересира“, вели Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања