Промени тема
Контакт

Петрушевски: Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, зголемена поддршка за социјалната заштита, здравството и образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryiefas287h1lt8sI4Bxb

Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, беше гостин во „Топ тема“ на телевизија Телма, каде се осврна на темата за Предлог-буџетот за 2026 година и во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Јована Тренчевска, истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен. Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со средства за медицинска опрема како и подобри услуги за граѓаните во земјава.

„Буџетот е домаќински скроен, служи за фискална консолидација и има развојна компонента во делот на она коешто граѓаните, домаќинствата го очекуваат од еден буџет, преку овие програми и сектори кои што влијаат врз нивниот живот“, рече Петрушевски.

Во делот на социјалната заштита, Петрушевски нагласи дека зголемена е финансиската траса кон социјалната заштита и пензионерите. Според него, пензиите ќе се зголемат за повеќе од 10%.

„Имаме зголемена траса кон социјалната заштита и пензиите. Имаме средства за пензии кои што ќе бидат поголеми за повеќе од 10%, така што да не се грижат пензионерите, ќе ги поддржиме нивните буџети согласно зголемените трошоци за живот“, истакна Петрушевски.

— реклама —

Петрушевски ги демантираше тврдењата на пратеничката од СДС, истакнувајќи дека буџетот за социјална заштита не е намален, туку зголемен. Тој исто така истакна и дека во здравството се планира поголем буџет, кој ќе овозможи нова медицинска опрема и подобри услуги за пациентите, а се осврна и на делот за образование.

„Ќе има сериозна поддршка за сите ранливи категории. Ќе има зголемена поддршка за здравствена заштита, затоа што имаме поголем буџет во здравството, ќе има пари кои што ќе се насочени кон подобрување на јавното здравство, кон нова медицинска опрема, нови услуги на пациентите. Ќе имаме средства кои што се во образованието исто така зголемени за 3,4% со акцент на средното образование, основното образование, високото образование, така што апсолутна невистина е се ова кое што се зборуваше“, потенцираше Петрушвски.

Тој се осврна и на делот за зголемувањето на просечната нето плата, како и вработеноста, и овие бројки според него, ќе ја намалат невработеноста на околу 10%.

— реклама —

„Согласно овој буџет, очекуваме раст на просечната нето плата на граѓаните од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% проценти што значи пад на невработеноста на некаде околу 10%“, посочи Петрушевски.

Петрушевски потенцираше дека буџетските корисници учествуваа во процесот на изработка на буџетот, а додаде и дека проекциите во буџетот се реални.

— реклама —

„Апсолутно е невистина дека буџетските корисници не учествувале, тоа е законска обврска. Има буџетски циркулар, кој што е доставен до сите буџетски корисници, кои што го имаат пополнето, со кои што е разговарано и е скроен ваков буџет“, кажа Петрушевски и додаде:

„Проекциите не се манипулативни, напротив се реални“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

lepa-brena

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се разочарани заради откажаниот концерт во Крива Паланка на Лепа Брена, која им пеела и на војската на Младиќ

Македонија | пред 23 часа

vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата расте, јавниот долг во однос на БДП се намалува, а инфлацијата е ставена под контрола

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против секоја инвестиција што носи развој, не можат да се помират со фактот дека Македонија се движи напред

Македонија | пред 1 ден

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ со прашање до Филипче: Дали преку СДС во Македонија продира „српскиот свет“?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања