Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryeijihji111fhdOHiNN3

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието каде се осврна на опозициската СДСМ, при што истакна дека истата нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, со оглед на тоа што еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат.

— реклама —

„Очигледно е молчењето на СДСМ, кое што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ, го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите кое што го направи оваа Влада, или не го поддржуваат? Затоа што доаѓаа какафонични изјави. Еден ден излегуваат и велат дека тоа е добро, друг ден доаѓа пратеник и објаснува како тоа не било добро, како тоа била дискриминација на оние кои што земале поголеми пензии“, рече Петрушевски.

Петрушевски побара некој од партијата да излезе и да каже јасен и официјален став.

— реклама —

„Убаво  е да излезе некој и да одговори кој е ставот на СДСМ, со оглед на актуелноста на темата и она кое што овој период се случува во Уставниот суд, а тоа е преиспитување на уставноста на оваа одлука. Замислете, почитувани граѓани пред се, преиспитувањето на одлуката е дали било дискриминација на оние пензионери кои што земале големи пензии, затоа што не добиле процентно поголеми суми, а овие биле повластени со маливе пензии, затоа што добиле два пати по 5000 денари“, кажа Петрушевски.

— реклама —

Според него, апсурдно е што Уставниот суд преиспитува дали постои дискриминација, а и како што вели, постојат повеќе врски меѓу СДСМ и оваа одлука за приспитување.

„Замислете го апсурдот на ова, преиспитување на ова, преиспутвање на одлука, која што патем речено е директно поврзано со СДСМ од неколку апсекти. Прво, видовме овде како пратеници на СДСМ, ја бранеа Кацарска,  која што е судија известител,  а меѓу другото, позната е по тоа што се изучува на меѓународни факултети како не треба да се суди еден предмет, и која што молсаквично напредуваше во својата кариера за време на СДСМ после оние монтирани случаи“, истакна Петрушевски и додаде:

„Неколку врски има меѓу СДСМ и оваа одлука за преиспиутвање од страна на Уставниот суд. Така што мора да знаеме дали СДСМ мисли дека ова зголемување на пензиите не е добро“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 19 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 21 час

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања