Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Петрушевски: Водечка партија во владата е ДУИ, СДС е само политички приврзок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
brane27032023

Бране Петрушевски, пратеник во македонското собрание во вечерашното интервју во емисијата Топ тема на ваша страна, на ТВ Телма, вели дека водечка партија во владата е ДУИ, а СДС е само политички приврзок во таа влада.

— реклама —

Факт е дека пред некоја година оваа влада на СДС беше падната и со помош на ДУИ и еден пратеник, кој што според едни информации беше киднапиран, таа влада се спаси. Дополнително сега, тој ист пратени е последен на гласањето за реконструкција на владата. значи истиот пратеник кој што ги спас, сега не е дел од владејачкото мнозинство. Одиме понатаму, во момент кога имаа внатрепартиски проблем ДУИ и огнените односно пратениците кои што бараат реконструкција на оваа влада, ДУИ умешно користејќи соседски пријатели, беа во една соседна држава политичките партии од албанскиот блок за после тоа Алијанса на Албанците влезе во владата и повторно уште еднаш јас спаси оваа влада. Така што ова се аргументи кои укажуваат несомнено дека водечка партија во владата е ДУИ, додека СДС е нејзин политички приврзок, дециден е Петрушевски.

— реклама —

Петрушевски ги отфрли обвинувањата од страна на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ е заложник на Левица, потенцирајќи дека Левица одработува за СДС и како што рече лажно се претставува како опозиција, а всушност е партија која најмногу сака да поминат уставните измени.

Во однос на Левица, апсолутно е дека одработува за СДС. И тоа се неспорни факти. Суштината е што Левица се претставува како лажна опозиција и цело време напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, несомнено има за цел да внесе одреден раздор во опозицијата, бидејќи тоа е политичка партија која најмногу би се радувала доколку поминат уставните измени затоа што е свесна дека во истиот момент огромен број на гласови, по природа на нештата би биле за ВМРО-ДПМНЕ, ќе отидат кон Левица. И тогаш Левица би била најсреќна, изјави Петрушевски.

— реклама —

Во однос на уставните измени и изјавите од СДС дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат уставни измени, Петрушевски му порача на Дарко Каевски дека тој не познава пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од вкупно 44 пратеници во собранието кои што ќе гласаат за уставните измени и за внесување на Бугарите во Уставот.

— реклама —

Јас не познавам пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, можеби вие некој друг познавате, но од овие 44 кои што се, ниту дале некогаш некаде некаква изјава поврзана со поддршка на уставните измени за внесување на Бугарите под ваков диктат, под ваков услов и под вакви околности. Јас можам да кажам дека уставни измени овој парламентарен состав нема да поддржи. Уставни измени во вакви уценувачки околности, со ваков пат кој што и дава за право на Бугарија бесконечно да не блокира, му рече Петрушевски на Каевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања