Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Петте телевизии реагираат: Очекуваме Владата да не подлегне на вакви уцени и силеџиство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mma

Македонската медиумска асоцијација која ја сочинуваат 5-те национални телевизии –Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма –се вчудовидени од денешниот потег на кабелските оператори, со кој цел час беше направен упад во нашите програми, и наместо реемитување на програмата, одеше бланк и некакво соопштение од операторите, се вели во соопштението од ММА.

— реклама —

Тие додаваат дека причините за ова самоволие и тешко кривично дело не ни се познати. Кабелските оператори велат дека станувало збор за некаква неуставна законска регулатива, но за спорови околу уставноста на законите се произнесува Уставен суд, а не се прекршуваат договорите за реемитување со телевизиите, и не се малтретираат корисниците и гледачите кои за услугите плаќаат за да гледаат програма. Оние кои произведуваат програма знаат дека екранот е светост, кон црн екран применуваат само оние што не знаат колку е тешка работата да се произведе гледана и квалитетна содржина, туку се научени без никаква надокнада да преземаат содржина и од тоа да прават профити.

— реклама —
— реклама —

Особено сме изненадени од самоволието на Дојче Телеком и А1 Австрија, како убедливо најголеми оператори, бидејќи знаеме дека овие компании не би ни помислиле да сторат вакви кривични дела во нивните држави. Една од причините за ваквата аздисаност и крајно некоректно однесување, е и фактот што кабелските оператори постојано нелегално реемитуваат телевизиски канали и програми за кои немаат регулирано авторски и сродни права, за што имаат десетици кривични пријави и тужби, а  јавното обвинителство не постапува против овие осомничени криминалци, со цврсти и обемни докази и аргументација. Непостапувањето на обвинителството доведе до постојано преповторување на истите кривични дела со пиратерија, како и денешното ново кривично дело- а тоа е дрзок упад во програмите на 5 национални телевизии во Македонија –настан без преседан во Европа.

— реклама —

Инаку 5-те национални телевизии имаат валидни договори со операторите во кои прецизно стои дека оператроите немаат право на било каква измена на програмата – како што направија денес. Сакаме да ги известиме гледачите дека нашите 5 телевизии целосно ги имаат уредено авторските и сродните права за целата содржина што ја емитуваат, а Управителите за тоа гарантираат под целосна морална и кривична одговорност. Се надеваме дека институциите и обвинителството соодветно ќе реагираат за овие прекршители да немаат можност да го повторат ова исто кривично дело, а дека Владата и институциите ѓе ги заштитат авторските и сродните права како што е насекаде во Европа, и нема да подлегнат на вакви уцени и силеџиство, што сите го видовме вечерва, се вели во соопштението од ММА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања