„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пехчевски со повик до Меџити: Погледај го твоето сопствено шоу каде што нервозно кажуваш за директорка на Клиника која без протоколи и Комисија го делела лекот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Fatmir-Medziti

Пациентот Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза, а за кој министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за „Макфакс“ кажа дека правел шоу сликајќи се во болница со транспарент преку кој бара лек, им порача на институциите: „Нема и не ви дозволувам да ме умрете млад“. Пациентот побара јавно извинување од Меџити, но досега не го доби. Побара и итна набавка на лекот „трикафта“ кој исто така не го доби.

— реклама —

/screenshot-2023-07-08-at-10-01-27-768x195" rel="attachment wp-att-227158">

„И покрај потешкотиите со болеста што ја имам, нема да се предадам ни на болеста ни на вас. Дај Боже вие министер Фатмир Меџити да го доживеете истото шоу, на вас и на вашите најблиски. Да молиш за лек, а да нема воопшто лек. Па да видиш што е болка“, напиша Пехчевски.

— реклама —

Тој подоцна објави и видео па го повика министерот да го погледне сопственото шоу каде во изјава за медиумите зборува докторка и директорка на Клиника која сама без протоколи и без Комисија го делела лекот.

„ШОУМЕНОТ - МИНИСТЕР Фатмир Меџити

Еве Министре погледај го твоето сопствено ШОУ во изјава за медиумите, каде што нервозно кажуваш за Докторка и Директорка на Клиника која сама без протоколи и без Комисија сама го делела лекот.

Па тука Министре ти немаше храброст да го санкционираш тој доктор, па реши во Емисии да ја смениш приказната и да удриш по ПАЦИЕНТОТ кој си бара ЛЕК за ЖИВОТ.

Па згора на тоа се осуди пациентот да го наречеш ШОУМЕН, а верувам дека во видеото ќе се пронајдеш, дека ШОУМЕНОТ си токму ТИ Министре“, напиша Пехчевски.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити не признаваше дека нема „трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза. Тој тврдеше дека дури сега се финализира протоколот кој ќе треба да покаже кои пациенти ќе треба да го примаат овој лек кој го стопира прогресирањето на болеста. Зборуваше и за случајот на пациентот Игор Пехчевски кој постојано бара терапија со „трикафта“, кого го обвини дека правел шоу.

q_hUrS-i66Y

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања