Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пијан машиновозач возел брз воз во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
London-Tokijo-voz-3-620x350

Одземена му е возачката дозвола на машиновозач на брз воз во Германија поради возење со 2,5 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Од германската железница соопштија дека инцидентот се случил вчера на редовна линија од Хамбург до Лајпциг.

— реклама —

Машиновозачот не застанал на станицата во Витенберг, а патниците пријавиле во полиција која го застанала возот на наредната станица во Битерфелд.

Полицијата со алкотест утврдила дека машиновозачот бил во алкохолизирана сосојба, па му ја одзела дозволата за управување со воз.

— реклама —

Германската железница покренала дисциплинска постапка кон машиновозачот, и испратила друг кој ги пренел патниците до Лајпциг со задоцнување од 65 минути.

Ова е веќе петти случај на одземање на дозвола на пијан машиновозач во изминатите неколку години во Германија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања