Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Пијан возач предизвикал сообраќајка во Кавадарци и избегал оставајќи ги повредените деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Основното јавно обвинителство во Велес, по спроведена истражна постапка, до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице од Кавадарци на возраст од 37 години за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.1 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот зкаоник, како и за  кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од чл.301 ст.1 од Кривичниот зкоаник.

— реклама —

На 31 мај обвинетиот, во состојба на тешко пијанство со присуство на 3,27 промили алкохол во крвта и 2,7 промили алкохол во урината, управувал со автомобил во сопственост на неговата сопруга.

Притоа, движејќи се по улицата „Гоце Делчев“ во Кавадарци, каде брзината на движење на возилата е ограничена на 40 км. на час, обвинетиот го управувал автомобилот со брзина од 84 км. на час, односно со брзина која е за 44 км. на час поголема од дозволената. Доаѓајќи до крстосницата меѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Осми септември“, навлегол во вкрстувањето при вклучено црвено светло на семафорот.

— реклама —

Во тој момент, пак, од ул. „Осми септември“ на крстосницата, во состојба на кочење, навлегувал мопед марка Априлија со кој се превезувале две деца. Мопедот со предното тркало удрил во десната предна врата на автомобилот, а од ударот мопедот заедно со оштетените деца паднал на коловозот, лизгајќи се.

Притоа двете деца се здобиле со тешки телесни повреди. Иако со автомобилот што го управувал ги повредил оштетените деца, обвинетиот продолжил да се движи напред, оставајќи ги без помош на коловозот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања