Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пијани возачи, непочитување на сообраќајни правила, неправилно паркирани возила – што затекна МВР за 24 часа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на изминатиот ден (24.07.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 46 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 34 возачи од кои: шест возачи управувале возило под дејство на алкохол, 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи почетници затоа што не се придржувале на законските ограичувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 21 возила затоа што не биле регистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престигнување, еден поради неправилно престројување, двајца возачи поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, 13 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 20 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани  се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден поради поминување на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 60 мандатни платни налози и 63 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Во текот на изминатиот ден се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и пет лица се здобиле со телесни повреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања