Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пијани возачи, непочитување на сообраќајни правила, неправилно паркирање – 24 часа МВР во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 38 возачи од кои: 11 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, еден возач затоа што бил возач-почетник и 8 останати сообраќајни прекршоци. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.

— реклама —

Санкционирани се 7 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, 10 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување,11 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 5 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 67 мандатни платни налози и 40 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 8 сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 7 лица со телесни повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања