Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Пиперката е природна витаминска бомба: Го јакне имунитетот и го штити срцето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-library5kk9ishu549n2tSE11z
unsplash

Пиперката е една од најздравите намирници што редовно се наоѓа на трпезите, а нејзината вистинска вредност се крие во богатството од витамини, минерали и антиоксиданси кои имаат силно позитивно влијание врз здравјето.

Иако многумина витаминот Ц го поврзуваат со портокалот, пиперката содржи значително поголеми количини. Една свежа пиперка може да обезбеди и до 150 милиграми витамин Ц, што е повеќе од доволно за дневните потреби на организмот. Покрај тоа, станува збор за нискокалорична намирница со висок процент вода, што придонесува и за подобра хидратација.

Сите пиперки првично се зелени, а со зреењето добиваат жолта, портокалова или црвена боја. Колку е позрела пиперката, толку е послатка и побогата со хранливи материи.

Особено се издвојува црвената пиперка, која содржи најголемо количество витамини и антиоксиданси и се смета за најхранлива од сите видови.

Покрај витаминот Ц, пиперката содржи и:

— реклама —
  • Бета-каротен, важен за добар вид и силен имунитет;

  • Витамин Б6, кој помага во создавањето на црвените крвни зрнца;

  • Витамин К, неопходен за здрави коски;

  • Витамин Е, кој ги штити клетките од оштетувања;

  • Калиум, значаен за здравјето на срцето и регулирањето на крвниот притисок;

  • Фолна киселина, корисна за целокупниот организам.

Пиперката е богата со моќни антиоксиданси кои го намалуваат оксидативниот стрес и ги штитат клетките од дејството на слободните радикали.

Црвената пиперка содржи ликопен и капсантин, додека зелената е богат извор на лутеин, соединение кое има важна улога во зачувувањето на здравјето на очите. Овие состојки можат да помогнат во намалување на ризикот од срцеви заболувања и други хронични болести.

— реклама —

Лутеинот и зеаксантинот ја штитат мрежницата на окото и можат да придонесат за зачувување на видот, особено кај постарите лица.

Дополнително, високиот процент на витамин Ц ја подобрува апсорпцијата на железото од растителната храна, па пиперката е особено корисна за луѓето кои имаат недостаток на железо или се склони кон анемија.

Калиумот придонесува за регулирање на крвниот притисок, додека витаминот Ц го поттикнува создавањето колаген, важен за здрава, цврста и еластична кожа.

— реклама —

Благодарение на растителните влакна, пиперката позитивно влијае и на дигестивниот систем и го подобрува функционирањето на цревата.

Експертите препорачуваат пиперката што почесто да се консумира свежа, бидејќи така се зачувува најголемиот дел од витаминот Ц, иако и кратката термичка обработка ги задржува повеќето од нејзините корисни состојки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања