Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Пишман Стево, како и Ковачевски ја има оставено храброста во некоја фиока во Мала Речица, со потписот на 5-те закони покажа дека е уценет човек, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Foto-3-1

Стево Пендаровски покажа дека е уценет човек без грам сопствен кредибилитет и интегритет, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Со потписот на 5-те закони покажа дека ставот и зборот не му вредат ни 5 пари и не му траат ни 5 дена.

— реклама —

И тој храброста како и Ковачевски ја има оставено во некоја фиока во Мала Речица. Пред јавноста едно говореше поврзано со скандалозните измени на 5-те закони, а сосема друго направи. Поточно Пендаровски по којзнае кој пат го демантираше Стево. Ова воопшто не не изненадува и зачудува, а веруваме дека и јавноста се навикна на неговото пишманење и погазување на својот збор.

— реклама —

Веќе на сите им станува јасно дека подизведувачот СДС, на чело со Ковачевски и Пендаровски се спремни за функција да направат се, па и јавно да се понижат. Ден повеќе на функција е нивното мото, со цел некој тендер повеќе да наместат. Со измените на 5-те закони тие нема ниту да заштедат, ниту да ја забрзаат реализацијата на коридорите, туку само го дерогираат македонското право и македонскиот Устав.

— реклама —

За ваквата неодговорна и криминогена политика следува казна на избори, а потоа и одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања