Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Плаќаме даноци и патарини, а Владата не инвестира во патишта, нашите пари завршуваат во криминал и корупција, вели Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Marija-Miteva-14.06.2022

Платите се ниски, а трошоците за живот превисоки! Месечниот буџет не стигнува ниту за подмирување на месечните сметки за струја, телевизија и останати трошоци. Работите што сме ги купувале минатата година се со видливи дупло повисоки цени оваа година. Ние штедиме, но владата не го прави тоа и не ни помага. И во состојба кога молкот не смее да биде опција треба да ги кажеме работите гласно, за да ги промениме. Затоа што премногу е, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Плаќаме даноци и патарини, а Владата не инвестира во патишта. Нашите пари завршуваат во криминал и корупција. Економската моќ е полоша, народот има помалку пари, додека власта се грижи за своите партиски и бизнис интереси. Затоа што премногу е!

— реклама —

Државните институции постојат за нас, но ние не ја добиваме услугата што ни следува. Целиот наш живот ги почитуваме редот и законите, но тоа не важи и за овие од власта. Се однесуваат недостоинствено наместо да покажат почит кон македонската држава. Наместо квалитет имаме корупција и неефикасност. Врските и протекциите се погласни од професионализмот. Хаосот и безредието ги заменуваат редот и транспарентноста. Тоа не е односот на институциите кон нас, туку вината е на неодговорната власт која раководи со институциите. И во состојба кога молкот не смее да биде опција да ги кажеме работите гласно за да ги промениме.

— реклама —

Почитувани,

— реклама —

Ова се прашањата кои секој еден од вас треба да си ги постави, а за кои со сигурност знаеме дека секој еден човек го знае одговорот. Денес, за разлика од пред една година нашите џебови се попразни, криминалот и корупцијата владеат насекаде, нема перспектива, а народот се чувствува понижен. Прашалници со сите овие прашања ќе бидат доделени до вас. Без разлика колку и да се очекувани одговорите, за разлика од оваа власт, на нас ВМРО-ДПМНЕ ни се исклучително важни вашите ставови и вашиот глас. Гласно за промени на 18 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања