Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Планинарскиот дом Копанки во сопственост на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kopanki

Градоначалникот на Општина Битола донесе РЕШЕНИЕ, со кое решението за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект донесено под УП1 број 27-5932 од 21.12.2015 година со правосилност од 23.12.2015 година за бесправен објект, донесено на име Здружение Планинарски Спортски клуб Пелистер, делумно се огласува за ништовно.

Во делот од диспозитивот на решението за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, донесено под горенаведениот број, во точката два во која како носител на правото на сопственост на објектот од точка еден се утврдува лицето Здружение Планинарски спортски клуб Пелистер Битола, РЕШЕНИЕТО СЕ ОГЛАСУВА ЗА НИШТОВНО.

— реклама —

Како носител на правото на сопственост на објектот од точка еден од решението за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект донесено под УП1 број 27-5932 од 21.12.2015 година со правосилност од 23.12.2015 година за бесправен објект во Агенцијата за катастар на недвижности-Битола, да се изврши прибележување на сопственоста во јавните книги на запишување на име Република Северна Македонија.

— реклама —

Во натамошна постапка, Општина Битола од Република Македонија ќе го побара легализираниот објект на планинарскиот дом Копанки.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања