Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Планинската Спасителна Служба вечерва интервенираше врз заглавен автомобил на превојот “Баба”, на планината Галичица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
PSS

Планинската Спасителна Служба вечерва интервенираше врз заглавен автомобил на превојот “Баба”, на планината Галичица. Изведувајќи редовни тренажни активности и анализа на состојбата и условите на планината, вечерва екипа на ПСС при Црвен крст Охрид, наиде на заглавен автомобил со двајца патници на превојот “Баба” и со помош на службено теренско возило асистираше во извлекување  на истото од снежните наноси, од кои целосно е блокиран превојот на патниот правец Р-2332, преку планината Галичица. ПСС апелира до љубителите на планината и зимските авантури, да бидат крајно внимателни на овој патен правец, кој во моментов на места има големи снежни наноси, замрзната подлога и одрони, кои ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Потсетуваме и дека истиот патен правец е со ограничен режим на сообраќај во зимскиот период, при што сообраќајот е дозволен само во должина од 9 км, од Трпејца до излетничко место “Корита”, додека останатиот дел е затворен за сообраќај.

— реклама —

извор: pss.org.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања