Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Планот „Б“ за СЈО може да донесе нов „земјотрес, што планира власта без опозицијата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pratenici-1

Правото во Македонија може повторно да потклекне под политиката, особено доколку власта реши без компромис да издејствува промени во СЈО и да назначи в.д. специјален јавен обвинител без двотретинско мнозинство и наоѓање на целосно решение. Министерството за правда засега не открива повеќе детали за таканаречениот план Б за СЈО, со измени на закони кои се носат со просто мнозинство, доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство за измени на Законот за јавното обвинителство. Одговор, на кој друг начин може да се продолжи животот на СЈО или пак на предметите, од владиниот ресор најавија за денес.

На намерата на власта, со измени на законот за советот за јавни обвинители да се обезбеди избор на в.д. шеф на СЈО или пак да се префрлат предметите во редовното обвинителство, реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Во интервју за „Фактор“ тој вели дека не може со измени на закони кои се носат со просто мнозинство, да се дерогираат системски закони, како што е тој за СЈО.

— реклама —

„Тоа би било лош преседан кој би се повторувал на секое менување на власта што ќе има далекусежни политички последици со копирање на преседанот, но и Македонија ќе биде забележана како држава во која доминира правната несигурност“-изјави Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Универзитетската професорка Беса Арифи го дели ставот дека потенцијалните измени во закони кои се носат со просто мнозинство, не смеат да ги дерогираат системските закони. Но, таа сепак препознава простор барем предметите од СЈО да се префрлат во редовното обвинителство, кое нема ограничувања во својата надлежност. Сепак, вели, тоа ќе предизвика други проблеми.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања