Данела Арсовска, кажа дека таа завршила со процедурата за да обезбеди пари за вработените во ЈСП. Смета дека протестот е јавен линч на неа бидејќи таа не е од СДСМ ниту од ВМРО-ДПМНЕ. Протестот го смета и за срамен бидејќи граѓаните останале без градски превоз.
„Уште во текот на денешниот ден Град Скопје ја завршува процедурата. Од тука натака е на трезорот на Министерството за финансии. Сметаме дека денеска или утре ќе бидат исплатени платите. Овие средства се доволни за овие три-четири месеци“, рече Арсовска.
„Таму долговите постојат повеќе од 10 години. Владата давала пари, сега за првпат се укинуваат дотациите. Некој не се грижи за студентите, учениците, се она што треба за да функционира јавниот превоз“, додаде Арсовска.