Само една изјава беше доволна за да ги дигне критичарите на нозе. Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вчера пред новинарите изјави дека тој живее од плата, во контекст на најавата за формираната работна група во Владата, која треба да изготви решение за намалување на примањата на функционерите, особено откако пред седум месеци тие се покачија за 78 проценти.
На ова, низа коментари, од кои дел се следниве:
„Сите преживуваат, само Бујар живее од плата“, напиша Иљче Затаракоски, а изјавата иронично ја искоментира: „Ммммдаа! А свадбата на Мијалкови беше платена од бакшишот шо го собирала по настапи примабалерината“.
Споделувајќи слика од Османи во Њујорк, корисничка на „Х“ го нарече:„перика напатена“.
https://twitter.com/HaNa_Taurus666/status/1714735840172097850
„Леле, луѓе, дајте да организираме еден хуманитарен настан, Османи само од плата живеел, за греота човекот! 🤣 А бе кого правите будали вие?!“, пишува во друг коментар.
https://twitter.com/osmini_/status/1714709803203772750
Коментар и од Божидар Божиновски кој иронично вели: „Којзнае како се снаоѓа со поскапувањата, не е лесно Бујаре, издржи“.
Низа досетки и на социјалната мрежа „Х“.
https://twitter.com/HaNa_Taurus666/status/1714942664921985214