Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Платежните картички за купување на македонски производи ќе треба да се искористат до 31 јули

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
karticki

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9.000, односно 3.000 денари ќе ги добијат на посебните сметки најдоцна до 3 јули и ќе мора истите да ги потрошат до 31-ви истиот месец, стои во уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници која беше објавена службено околу полноќ.

Деловните банки откако ќе биде објавена конечната листа на корисници на финансиска поддршка во најкус можен рок ќе треба до 3 јули да им ги префрли парите на граѓаните на нивните сметки, а доколку до 31 јули не се потрошат, автоматски непотрошените средства се враќаат во државниот буџет.

— реклама —

Социјалните случаи и невработените ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари по лице. Работниците со ниски примања ќе добијат 3.000 денари, додека средношколците не помлади од 16 години и студентите не постари од 29 години  ќе добијат износ од 3.000 денари. Здравствените работници-кои учествувале во тестирање и дијагностицирање на граѓани заболени од COVID-19 и нивно лекување ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40 проценти од износот на последната пресметана основна нето плата на секој работник одделно.

— реклама —

— реклама —
фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања