Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Платформа за родова еднаквост: Резултати за „Јавна соба“ до 8 март или протести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
javna-soba

Платформата за родова еднаквост, која го оранизираше неодамнешниот протест за „Јавна соба“, бара итни резултати за расчистување на овој и сличните случаи на сексуално вознемирување и злоупотреба на фотографии на девојки, често и малолетни.  Тие најавуваат нов протест – овојпат токму на 8 март.

— реклама —

„Очекуваме кривични пријави од МВР против сторителите од „Јавна соба“ за делата: злоупотреба на лични подалтоци, посредување во вршење проституција, загрозување на безбедноста или ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем во зависност од околностите на случајот. Очекуваме започнување на процес на прочистување на полицијата од полициски службеници сторители на насилство врз жени и нивно соодветно санкционирање. Очекуваме донесување фактичка и доследна примена на внатрешна политика за ефикасно санкционирање на сите полициски службеници, кои ги повредиле првата на жртвите на родово засновано насилство преку своето непрофесионално постапување или пропуштање да се преземат мерки“ изјави Бојана Јовановска, Платформа за родова еднаквост.

Инаку досега за „Јавна соба“ приведени се две лица за ланскиот случај и одреден им е 30-дневен притвор. Завршено е вештачењето на одземените телефони и компјутери на четирите лица кои беа приведени за последниот случај „Јавна соба“, а материјалот е предаден на Јавното обвинителство. Сега е на потег обвинителството кое треба да одлучува дали ќе има кривична одговорност за учесниците во групите, велат од полицијата.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања