Мојата плата како вицепремиер е 70.000 денари, истакна во анализата на 24 Вести, заменикот на премиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
„Јас како функционер земам најмала плата. Претходно сум имал повисока плата. Платата на министрите и на пратениците не е покачена со години. Тоа што ние како влада направивме е покачување на минималната плата на 18.000 денари. Сега ние ли треба да ги намалиме нашите плати“, рече Груби.
Ова наиде на остри реакции од јавноста. Голем дел пишуваат и иронични коментари. Со оглед дека во Македонија, повеќето од населението живее со минимални приходи или со по една минимална плата - изјавата на Груби им се виде иритантна.
Дел од коментарите, ви пренесуваме во целост:
„Скенирајте појако, може ќе стигнете до 70.000, колку еден минималец на Груби“, пишуваат по изјавата.
https://twitter.com/koloski_/status/1504591969347162113
„До кое ниво се доведовме во државава ? Неинтелектуалени сурати не водат ! :( А лапаат ли лапаат кеш. Мамицата..“, стои во друг коментар.
https://twitter.com/TiRekov/status/1504583501357666309
„Вака се сака државата! Кога може Груби можеш и ти!“, пишува Шлинензауер.
„Ако А1 и Телеком не отворат линии за да му помогнеме на Артан Груби слободно нека си се угасат. #ДонорајЗаАртан“, коментира Чича Глиша.
https://twitter.com/CicaGlish_a/status/1504573086628208643
„Случајно, вртејќи по телевизоров, слушнав два-три збора од Груби на ТВ 24.... Ќе земам апче за глава и нешто за желудников..“, пишува корисник на „Твитер“.
https://twitter.com/BubaMar36409771/status/1504562753058574348
„Плати повеќе данок за да може Груби да земе плата 170 000, а не да се мачи со 70 000“, стои во објава.
https://twitter.com/Samosvesen/status/1504562293668986889
„Груби земал 70.000 денари плата... Само не кажа дали таа сума е на ден или на час...“, пишува корисникот „Неурон“.
https://twitter.com/poliedar/status/1504561238587715586