Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Плати за фиктивни вработени: Направена штета од над еден милион денари во „Водостопанство“ Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 40 минути -

Македонија
dokument-administracija

Повеќе од еден милион денари штета му била причинета на „Водостопанство“ откако поранешен раководител на подружницата „Брегалница“ во Кочани исплаќал плати на пет лица кои воопшто не доаѓале на работа. Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишниот Б.Б. за злоупотреба на службената положба и овластување.

— реклама —

Според пријавата, осомничениот ја раководел подружницата од 25 ноември 2022 до 16 октомври 2024 година, а од март 2023 до јануари 2024 година редовно доставувал платни списоци за петте лица, иако тие не извршувале никакви работни задачи.

— реклама —
— реклама —

Со исплатите на „Водостопанство“ му била нанесена материјална штета од 1.023.683 денари, додека петте лица се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 693.101 денар.

— реклама —

Кривичната пријава по член 353 од Кривичниот законик е доставена до Основното јавно обвинителство Кочани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryejbjkbqsdssb7iWOZzl

Кривична за фирмата и газдата на чиј објект загина младиот Кристијан Љушев во Охрид

Охрид | пред 9 месеци

— реклама —
policija-1313

Кривична пријава за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања