„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Платите во катастар зголемени до 30 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
katastar

Правилник за зголемување на основната плата и зголемувањето на додатоците на основната плата стапува во сила во Агенцијата за катастар на недвижности и сите вработени во оваа институција заклучно со септември ќе добијат зголемување на примањата од 15, 20 па и 30 отсто, од кои последната ставка за работниците од ИТ-секторот. Вака претходно одлучи управата на „Катастарот“, објави Фактор.мк.

— реклама —

Оваа државна институција, бидејќи станува збор за агенција, се финансира самостојно од наплата на услугите и делумно од основниот буџет, но за зголемувањето на приходите на вработените одлучува сама.

Парите се обезбедени од сопствениот буџет, а од таму велат дека тоа не е на сметка на странките кои плаќаат за услуги во случај кога оваа агенција најчесто се поставува како монопол. Од кабинетот на директорот Борис Тунџев одговараат дека зголемувањата на платите за вработените во сите сектори, одделенија и подружници е од самофинансирачкиот буџет и дека тоа не се должи на некакво поскапување или зголемување на наплатата на услугите.

— реклама —

Вкупниот број на вработени во Агенцијата за катастар изнесува 837 сужбеници на крајот од 2018. Според финансискиот план на оваа агенција, за 2019 планирано е да се потрошат 5,6 милиони евра, објави Фактор.мк.

Текстот во целост на: Фактор.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања