Промени тема
Контакт

Платите во Македонија пораснаа за 8,2 проценти на годишно ниво, просечната плата во март 48.433 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
k15

Просечната исплатена нето-плата во државата во март достигнала 48.433 денари, што претставува раст од 8,2 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

— реклама —

Во однос на февруари, просечната нето-плата е повисока за 4,9 проценти, додека во споредба со просекот за целата 2025 година бележи раст од 7,2 проценти.

— реклама —

Најголемо годишно зголемување на платите е регистрирано во секторот транспорт и складирање, каде што просекот е повисок за 15,6 проценти. Следуваат дејностите поврзани со недвижен имот со раст од 12,2 проценти и секторот информации и комуникации со 11,6 проценти.

— реклама —

И на месечно ниво најголем раст има кај транспортот и складирањето, каде што платите се зголемени за 10,9 проценти. Во секторот недвижности растот изнесува 9,1 процент, а во информатичко-комуникациските дејности 8,5 проценти.

Од Државниот завод за статистика посочуваат дека раст бележи и реалната нето-плата, која во март била повисока за 3,1 процент во однос на март минатата година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6quetih0ajie91knYD

Две минимални плати не ја покриваат ниту владината кошница, ССМ бара повисоки плати

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pari-1

Македонската плата расте, но европскиот стандард останува далеку

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymde6bdqj4fco6MAD3du

Македонската просечна плата 789 евра: Каква е во споредба со регионот?

Македонија | пред 2 седмици

plta-333

Минималната плата во Македонија меѓу најбрзо растечките во Европа, покажуваат податоците на Евростат

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања