Промени тема
Контакт

„Платите во образованието беа зголемени кумулативно 21 процент во изминативе години“, тврди Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ohridski-ucilista

Ковачевски: Платите во образованието се зголемени за 21%, дијалогот со синдикатите продолжува и решение ќе има

Покачувањето на минималната плата не би требало да биде причина за отпочнување на протести. Тоа е плата покачена на работниците доминантно во приватниот сектор кои што работат во фабрики и во услужен сектор. Преку даноците од приватниот сектор се исплаќаат платите на сите кои што работат во јавниот сектор, а јавниот сектор има 138.000 вработени. Тие 138.000 ги примаат своите плати благодарение на придонесите, благодарение на даноците кои што ги плаќа приватниот сектор, тоа не треба да биде причина да се врши притисок и да се прават протести. Ова денеска го одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање во врска со најавените протести од страна на повеќе синдикати поврзани со барања за зголемување на платите.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија истакна дека зголемување на платите треба да има, но со методолошки пристап.

— реклама —

„Сакам исто така да напоменам дека од 2017, 2018, 2019 најголем дел од платите се зголемени за 20 проценти, во образованието платите беа зголемени кумулативно 21 процент во изминативе години, платите исто така на лекарите беа зголемени, капитациите исто така беа зголемувани и финансиските средства кои што го издвојувавме за здравството“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој рече дека Владата ќе продолжи со тој дијалог, меѓутоа истакна дека не е добро за економско социјалниот дијалог прво да се најави штрајк, а потоа под притисок да се доаѓа на разговори со Владата.

— реклама —

„Сепак, и во такви услови Владата разговара, нормално со сите претставници на синдикатите, и јас сум сигурен дека на крајот на денот ќе изнајдеме решение кое што ќе биде на обострано задоволство и на работниците и секако на оние кои што ги плаќаат даноците за да се исплаќаат тие плати“, рече премиерот Ковачевски.

— реклама —

Премиерот Ковачевски се осврна и на исплатата на минималната плата во јавниот сектор каде има застој во одредени институции, односно не е сѐ уште исплатена минимална плата до 18.000 денари.

„При носењето на минималната плата јас кажав дека сите ќе добиваат минимална плата од 18.000 денари, а за тоа е потребно да се изменат одредени закони, кои што во моментов се во собраниска процедура. Затоа Владата веќе минатата недела донесе заклучок со кој што ќе биде овозможено оние кои што нема овој месец да ја добијат платата до 18. 000 денари таа разлика да им биде исплатена веднаш штом ќе биде донесен законот соодветен за административни службеници“, рече премиерот Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања