Промени тема
Контакт

Пливање во пештера, хранење гулаби: 10 работи што никогаш не треба да ги правите во Италија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
0yBvuoE2We-sest-destinacii-vo-italija-koi-treba-barem-ednas-da-gi-posetite

Со цел подобро да се справат со големиот број туристи кои ја посетуваат земјата, а во исто време да ги зачуваат своите градови и населени места, италијанските власти во последните години донесоа низа правила.

Некои од нив можеби веќе ви се познати, како онаа да не се седи на Шпанските скали во Рим, а некои можеби не.

Ова се 10 работи што никогаш не треба да ги правите во Италија

— реклама —

1. Фотографирање во внатрешноста на Сикстинската капела (Можете да ги фотографирате музеите на Ватикан, но тоа е строго забрането во капелата).

2. Седење на шпанските скали во Рим.

— реклама —

3. Јадење храна на улиците во строгиот центар на Фиренца; Via de' Neri, Piazzale Degli Uffizi, Piazza del Grano и Via Della Ninna од 12:00 до 15:00 часот и од 18:00 до 22:00 часот. Поточно, тоа значи дека не смеете да одите наоколу со, на пример, сендвич и да го јадете на улица.

4. Хранење на гулабите на плоштадот Св. Марко во Венеција.

5. Капење во римската фонтана Треви.

— реклама —

6. Неовластено снимање со дрон во урбани средини, особено во старите градски центри.

7. Ставање „љубовни“ катанци на мостовите во Рим и Венеција.

— реклама —

8. Пливање, нуркање или капење во венецијанските канали.

9. Пливање во Сината пештера на Капри. Можете да ја посетите со брод, но пливањето во самата пештера е строго забрането. Ако не ви се верува, прашајте ја Хајди Клум, која плати висока казна во 2019 година, бидејќи решила да плива во пештера.

10. Земање песок од плажите во Сардинија (генерално важи за сите плажи, но особено за оние на Сардинија). Ваквото однесување може да ве одведе дури и во затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2p90cq3bgvrkbu4F7c6

Овие работи гостите најчесто ги забораваат во хотелските соби: Проверете ги овие места пред да си заминете

Патувања | пред 4 седмици

— реклама —
media-libraryna0vn4eno53v9ZymqG4

Сакате на море во септември? Овие места се меѓу најдобрите избори

Патувања | пред 1 месец

media-library5u5hreqf7pv49igoYSf

Патувате сами? Ова се најважните совети за безбедно соло патување

Магазин | пред 3 месеци

media-librarys3d8jkukenj2fgVSGXt

Новиот тренд на патувања го освојува светот: Луѓето масовно одат на овие места поради едно посебно искуство

Патувања | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања