Промени тема
Контакт

По 12-ти пат се одржа „На зајдисонце“ во Трпејца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Trpejca_21072023001

Под покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“, вчеравечер во Трпејца започна 12. издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

На свеченото отворање, пред присутните гости се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.

— реклама —

Искрено се радувам и навистина сум почестен што повторно имам можност да бидам овде помеѓу вас, да ве поздравам и да го означам почетокот на 12-то издание на традиционалната културно-забавна манифестација, која ги надополнува летните убавини на оваа уникатна крајбрежна населба.

Зајдисонцето над Охридското Езеро токму овде во Трпејца е секојдневен природен спектакл и предизвикува силно воодушевување кај сите посетители. Кога сонцето почнува да тоне во прегратките на планинскиот хоризонт, небесниот свод постепено се пелева во живописна палета на бои. Езерската вода започнува да лебди во неверојатни нијанси на портокалова, розова и пурпурна боја и претставува вистинско уметничко дело.

— реклама —

Сите овие неописливи пејзажи, кои ве опиваат со својата убавина, се надополнети со аромата на недопреното зеленило и свежото ветре кое ве милува по образите. Секое дрво, секој камен, секој езерски бран, изгледаат волшебно и чиниш се излезени од најубавите соништа. Едноставно, на брегот, овде во Трпејца, чувствувате како да сте сплотени со природата, а мирот и спокојството го имаат исполнето вашето битие.

Почитувани,

— реклама —

Како и секоја година, така и оваа, очекувам културно-забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца да понуди креативна сценска програма испреплетена со низа спортски и едукативни содржини, кои ќе го привлечат вниманието на гостите.

Од мое лично име и од името на Општина Охрид би сакал да упатам благодарност до организаторите за целиот досегашен труд и посветеност да го одржат континуитетот на оваа манифестација, со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина. Ние секогаш ќе бидеме подготвени да ги поддржиме и да ги стимулираме вакви проекти, кои го промовираат богатството и туристичките потенцијали на охридскиот регион.

— реклама —

Ви посакувам успешно издание и пријатни мигови во рамки на сите настани од предвидената програма. Уживајте во зајдисонцето, истакна Божиновски во своето обраќање.

На првиот ден од манифестацијата, присутните имаа можност да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во Трпејца, а свој музички настап имаа Влатко Броз и диџеј Марама.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања