Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

По 13 години пауза, продуктоводот Солун – Скопје подготвен за работа: завршени сите технички контроли

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-libraryh62jo7kq46v52sZg8cZ

Министерката Сања Божиновска присуствуваше на завршна техничка контрола и верификација на мерниот систем на продуктоводот за транспорт на дизел од Солун до ОКТА Скопје. Проверката потврди исправност, прецизност и функционалност, со што се исполнети условите за пуштање во употреба и повторно стартување по 13 години. Контролата ја спроведе Бирото за метрологија со CMI и „Метрон“, во присуство на царина. Продуктоводот (213,5 км) има 15 блок-вентил станици, складишта 80.000 м³ во Грција и 30.000 м³ во С. Македонија и SCADA систем за следење во реално време.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на завршната техничка контрола и верификација на мерниот систем на продуктоводот преку кој ќе се транспортира дизел гориво од Рафинеријата во Солун до Рафинеријата ОКТА во Скопје. Со успешно реализираната проверка се потврдени исправноста, прецизноста и целосната функционалност на системот, со што се исполнети сите технички и контролни предуслови за негово ставање во употреба. Со ова, продуктоводот повторно започнува со работа по 13 години прекин, претставувајќи значаен чекор кон зајакнување на сигурноста во снабдувањето со нафтени деривати и модернизација на енергетската инфраструктура.

— реклама —

Проверката беше спроведена од страна на Бирото за метрологија, со учество на претставници од Чешкиот метролошки институт (CMI) и лабораторијата „Метрон“ од Солун, а во присуство и на преставници од царинската служба. Заедно со овластените и стручни лица од Бирото, тие ја проверуваа исправноста и метролошките карактеристики на системот, со цел да се потврди дека мерната опрема функционира прецизно, сигурно и согласно највисоките стандарди.

Министерката Божиновска истакна дека техничката исправност и точноста на мерењето се клучни предуслови за безбедно и транспарентно функционирање на енергетската инфраструктура.

— реклама —

„Ова е значаен чекор кон воспоставување сигурен и модерен систем за снабдување со деривати. Прецизното мерење, контролата и меѓународната верификација значат доверба, стабилност и долгорочна енергетска сигурност за државата“, нагласи Божиновска. Продуктоводот, пуштен во функција во 2002 година за пренос на сурова нафта, по 2013 година беше предмет на инвестиции за негова пренамена во инфраструктура за транспорт на дизел гориво. Станува збор за систем во должина од 213,5 километри. Инфраструктурата располага со 15 блок-вентил станици за подобрено управување и високо ниво на безбедност, складишни капацитети од 80.000 м³ во Грција и 30.000 м³ во Северна Македонија, како и современ SCADA систем за следење на притисок, температура и проток во реално време, што гарантира долгорочна сигурност и ефикасност.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на развој на модерна, сигурна и одржлива енергетска инфраструктура, како основа за стабилно снабдување и економски развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања