Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По 16 години уапсен еден од најбараните бегалци во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Еден од најбараните бегалци во Европа, Кристофер Гест Мор, кој беше во бегство 16 години, уапсен e во Малта за брутално убиство извршено во Велика Британија, објави Националната агенција против криминал.

Според Би-Би-Си, Мор (41) ја напуштил Велика Британија откако во 2003 година Брајан Вотерс бил мачен и претепан до смрт пред своите две возрасни деца.

— реклама —

Мор е осомничен дека отишол во фармата за канабис на Вотерс за да надомести долг поврзан со дрогата.

Другите тројца вмешани во случајот, Џон Вилсон, Џејмс Рejвен и Отис Метјус, се на доживотен затвор за убиството на Вотерс.

— реклама —

На 19 јуни 2003 година, тие упаднале на фармата за канабис и побарале пари.

— реклама —

Газдата го врзале за стол, го тепале и мачеле на различни начини цели три часа, а на телото на жртвата подоцна биле констатирани 123 повреди.

Мажите, го нападнале и синот на Вотерс, Гевин, а ќерката Натали постојано ја држеле на нишан.

— реклама —

Мор беше активно баран од органите во врска со ова убиство, но и поради обидот за убиство на друг човек, лажно претставување и напаѓање на други жртви на местото на злосторството.

Тој веќе се појави пред судот во Валета и започнат е процесот за негова екстрадиција во Велика Британија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања