Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

По 20 години правна борба, Бренда Сулејман конечно доби македонско државјанство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 минута -

Македонија
media-librarynole5qmtdkoi3iknLdk

По две децении неизвесност и правна борба, Бренда Сулејман конечно доби македонско државјанство, соопшти Македонското здружение на млади правници, кое ѝ обезбедило правна помош во постапката.

Иако е родена во странство, Бренда уште како бебе се вратила во Македонија со своите родители, кои се македонски државјани. И покрај тоа што поседувала извод од матичната книга на родените издаден во странство, административните пречки ѝ оневозможувале да добие државјанство цели 20 години.

— реклама —

Во решавањето на случајот, Македонското здружение на млади правници соработувало со Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и организацијата „Ви ефект“, при што бил обезбеден и ДНК-доказ што придонел за успешно завршување на постапката.

— реклама —
— реклама —

Од здружението посочуваат дека УНХЦР ја поддржува нивната работа за спречување и решавање на бездржавјанството, но нагласуваат дека за надминување на ваквите случаи е потребна поголема поддршка од меѓународните организации и потесна соработка со надлежните државни институции.

— реклама —

Во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и други партнери, здружението обезбедува и бесплатна правна помош во Матичната служба во Скопје, секој понеделник и четврток од 10 до 12 часот, до крајот на 2026 година.

Според најновите податоци на УНХЦР, до крајот на јуни 2026 година во 97 земји биле евидентирани околу 4,7 милиони лица без државјанство или со неутврдено државјанство. Се проценува дека вистинскиот број во светот е значително поголем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања