Промени тема
Контакт

По 21 година „Бал-кан-кан“ добива спин-оф: Сашко Коцев, Јелена Јованова и Тони Михајловски во новиот филм на Митревски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryjl02ldp8if0p0yMCAZM

По 21 година од премиерата на „Бал-кан-кан“, Дарко Митревски најави нов филмски проект сместен во истиот уметнички свет, но со нови ликови и нова приказна. Станува збор за спин-оф во кој главните улоги ќе ги толкуваат Сашко Коцев, Јелена Јованова и Тони Михајловски.

Митревски, кој по 14 години професионално отсуство повторно ќе работи во Македонија, филмот го опиша како љубовна, еротска црна комедија со тажен крај, но и со многу смеа и солзи.

Приказната следи двајца луѓе кои се на маргините на општеството и на работ на егзистенцијата, а единствената можност за успех ја гледаат во светот на социјалните мрежи. По случајност стануваат светски познати, но колку повеќе напредуваат во виртуелниот свет, толку повеќе пропаѓаат во реалниот живот.

— реклама —

„Стварноста што ја живееме е лажна. Стварноста на „Тик-ток“, на „Фејсбук“, на „Инстаграм“ – тоа е лажна стварност“, рече Митревски.

— реклама —

Тој откри дека сценариото го напишал за околу четири недели и го опиша како едно од најдобрите што ги создал. Снимањето е планирано за следната година во Скопје, а музиката ќе ја работи Кирил Џајковски.

Екипата допрва ќе се комплетира, а Митревски најави дека покрај актерите во филмот ќе се појават и инфлуенсери и личности од различни сфери на општеството. Целта, како што рече, е филмот да биде пресликување на денешна Македонија.

— реклама —

Паралелно со најавата за филмот, Митревски ќе гостува и на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, каде што на 25 септември ќе одржи мастер-клас насловен „Како да не снимите здодевен филм?“. На него ќе зборува за сценаристички техники и професионалните искуства што ги стекнал во својата кариера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања