Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

По 30 години чекање започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryr1v2pob1fsa63MHbvV2

По повеќегодишните најави и одложувања, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека довршувањето на булеварот со децении било едно од ветувањата за жителите на овој дел од градот, каде што секојдневно гравитираат повеќе од 100.000 граѓани.

— реклама —

Според него, по решавањето на долгогодишниот проблем со експропријацијата, трасата била ослободена и работите продолжиле со засилено темпо. Нешто повеќе од три месеци по почетокот на активностите, започна поставувањето на првиот слој асфалт.

По завршувањето на едната страна од булеварот, сообраќајот ќе биде пренасочен, по што ќе започне реконструкцијата на другата страна, која исто така ќе добие целосно нов асфалт.

— реклама —

Паралелно со градежните активности била изградена и нова атмосферска канализација, со цел да се обезбеди соодветно одведување на атмосферските води и долгорочно инфраструктурно решение.

— реклама —

„Ова е крај на едно триесетгодишно чекање. Ова е доказ дека кога има волја, работа и одговорност, нема заборавени проекти и нема заборавени граѓани. Ветивме и остваривме“, порача Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека жителите заслужуваат модерна и безбедна патна инфраструктура и најави дека Скопје ќе продолжи да се гради преку конкретни проекти и реализирани решенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања